ФОТО: Протест пред Влада – „Ноќ на лицето на режимот“

0
888

12189645_10206612572824374_5791100626033984825_n-540x324

Вечерва граѓанската иницијатива Ајде! организираше протестен перформанс за одбележување на „Ноќта на вештерките“ во македонски контекст пред Владата.

„Нашиот настан го нарековме „Ноќ на ЛИЦЕТО на режимот“ затоа што е време да го покажеме режимот во неговата вистинска форма, а со тоа да им дадеме можност на нашите сограѓани да му ја симнат маската за сите наводни успеси, вработувања, победи и прослави. Сето тоа ќе успееме да го направиме ако ги носиме нивните вистински лица прилагодени за еден ваков празник.

Ние ги одбравме нашите маски. Од Мајкл Протуѓер Маерс до Крвавиот Нино или Сашо Лектор… Или пак симболите на режимот како што се сиромаштијата, обесправените, затворените… Замислете да го носите лицето на уморните стечајци или гладните кои ката ден ги гледаме по улиците… Тоа е лицето на режимот.
Не заборавајте дека „Ноќта на вештерките“ во својата основа како празник воопшто не ги вклучува вештерките. Тоа е ноќ кога живите со страшни маски ги бркаат злите духови, а слават добрите луѓе чија смрт настанала заради нанесеното зло“, велат организаторите.

12195836_10206612544263660_696155990306043649_n-540x324 12191812_10206612544543667_6765807479719621971_n-324x540 10986459_10206612545143682_4487549141718843596_n-540x324 12190078_10206612573864400_1622044331808675366_n-540x324