ФОТО: Охриѓани, Груевски иде, гужва да биде!

0
1141

За денешната посета на Никола Груевски во Охрид голем број вработени во јавната администрација и локалната самоуправа биле
принудувани да го напуштат работното место за да присуствуваат на настаните од неговата агенда, соопшти СДСМ Охрид.

„Тоа е уште една потврда дека граѓаните го напуштија Никола Груевски. Осамен, Груевски ги принудува вработените во администрацијата и во локалната самоуправа да го пополнуваат слабото присуство за време на неговите посети. На вработените во училиштата и детските градинки по електронска пошта им било испратено барање за присуство на настаните од агендата на Никола Груевски. Поради ова, на децата во градинките немало кој ужинка да им подели бидејќи учителки и негователки морале да присуствуваат на парадите на Груевски, а своето отсуство го оправдале со наводен состанок. Во Охридската гимназија часовите им биле скратени по 10 минути“, се наведува во соопштението на СДСМ Охрид.

Оттаму истакнуваат дека и покрај се, посетата на Груевски на Охрид поминала со многу слаб одѕив.

„Слабиот одѕив во село Велгошти коешто важеше за бастион на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, говори за целосно изгубената доверба на граѓаните во Никола Груевски. Граѓаните на Охрид и Охридско, со денешното игнорирање на Никола Груевски му испратија јасна порака. Времето на Никола Груевски помина. Збогум Никола!“, се додава во соопштението на СДСМ Охрид.