(ФОТО) Општина Центар го отвори седмиот клуб на пензионери „Миле Арсовски“

0
1453

Нов-клуб-на-пензионери-Општина-Центар-5-685x320

Ново место за другарување и забава на пензинерите од општина Центар. Општината денеска го отвори седмиот клуб на пензионери, кој е сместен зад Универзалната сала, во Урбаната заедница „Миле Арсовски“.

Претседателот на Здружението на пензионерите во Центар, Павле Спасов, ја посочи одличната соработка со општината, со градоначалникот Андреј Жерновски и со општинските служби.

Нов-клуб-на-пензионери-Општина-Центар-3

Отворањето и грижа, рече Жерновски, за повозрасните жители е еден од нашите омилени проекти.

“Како што нашата грижа е насочена кон помладите, со отворање на градинка и изградба на ново училиште, кои се и ќе бидат најсовремени и најубави во Македонија и со реконструкција на веќе постојните, така водиме посебна грижа и за повозрасните граѓани, кои ни го овозможија и изградија сето ова што го имаме. Од утре почнуваме да работиме на отворање на осмиот клуб на пензионери, со што го исполнуваме ветувањето за целата територија на Центар да биде покриена со вакви неопходни места за нашите повозрасни сограѓани“, рече градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.

Нов-клуб-на-пензионери-Општина-Центар-4

На пензионерите им посака здравје и среќа и им најави новогодишна средба, а тие него – по успешната кариера и среќа, да си дочека мирни пензионерски денови.

Нов-клуб-на-пензионери-Општина-Центар-1