(ФОТО) Општина Центар веднаш го исчисти снегот на повисоките и покритични места

0
1293

„Надлежните служби на општина Центар, веднаш кога почна да паѓа снег, почнаа со расчистување на повисоките и покритичните делови на територијата на општината.

Со два помали и еден голем камион се расчистуваше Тасино Чешмиче, Мало Курило и Долно Водно. Фрлена е неопходната количина сол и улиците сега се чисти.

Службите се подготвени да ја зајакнат механизацијата, доколку во вечерните часови се засилат врнежите од снег“, соопштуваат од Општина Центар.

cistenjecentar1-3 cistenjecentar1-4 cistenjecentar1-8 cistenjecentar1-5 cistenjecentar1-1