(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Еве дел од нашите заглавени шофери на Ирачко – Турската граница, апел до МНР и владата да им помогнат да си дојдат дома!

0
1558

Oва се дел од 20-те заглавени македонски шофери на Ирачко – Турската граница која е затворена поради воените дејствија на турската армија против Курдите во северен Ирак. Тие превезувале ресенски јаболка и други земјоделски производи за Ирак но на враќање се заглавени меѓу 6000 други камиони кои чекаат во километарски колони на затворената граница.

zaglaveni shoferi 2

Потсетување на проблемот од сторијата од вчера:

МЕГА СКАНДАЛ: Над 20 македонски шофери кои превезувале ресенски јаболка две недели заглавени со своите камиони на Ирачко – Турската граница која е затворена поради воените дејствија на турската армија со Курдите, македонското МНР целосно незаинтересирани да им помогнат!

kamioni irak foto

Загрижени членови на семејствата на неколку македонски шофери кои превезувале ресенски јаболка и други земјоделски производи за Ирак, не контактираа за да не замолат да известиме за нивниот проблем со цел да им се помогне преку владата и МНР.

Имено дознавме дека околу 20 македонски шофери се заглавени над 15 дена на Ирачко – Турската граница кај градот Закхо кој е престолнина на Курдскиот регион Северен Ирак.

kamioni irakНа граничниот премин Ибрахим Калил моментално имало над 6000 заробени камиони кои не можеле да го напуштат Ирак затоа што Турција ја затворила границата поради воените дејствија на турската армија против Курдите и нивните бунтовници од ПКК – работничката курдска партија која се бори за независност и обединување на сите курдски територии во Турција Ирак и Сирија и создавање на независна држава Курдистан.

300px-Ibrahim_Khalil_Border_Iraq_August_2009_-_4

Интересно е што според семејствата кои не контактираа, сите зглавени шофери добиле помош и ургенции од своите влади за да им се помогне, само нашите шофери биле оставени како да немаат своја држава, како да се од некоја банана држава!

Засега биле безбедни паркирани на бензиска пумпа далеку од воени дејствија, имале пари, бензин и храна но ако продолжи чекањето можно е да снемаат храна и да стане ситуацијата животно загрозувачка.

Апелираат  владата и МНР преку амбасадите и врските со Турција да им се помогне и да бидат пуштени да влезат во Турција.