(ФОТО)СДММ: Еве што им зготви за ручек Груевски на студентите

0
1347

„Никола Груевски нема повеќе што да ветува. Неговото време заврши.

Залудни му се најавите за нови терени за баскет! Младите му одиграа ефикасна кошарка и му ги разобличија неговите намери.

Иронија е Груевски сега да ветува инвестирање во иднината. Токму тој, инвестираше во најголемиот младински егзодус. Родителите преку Skype ги гледаат своите деца, затоа што 10 години инвестираше во врби, фасади и во богатење на фамилијата.

За читалните на Груевски ќе порачаме само едно: Никола, прочитан си од младите!
Додека Никола Груевски се расфрла со ветувања и од немај-каде ветува брда и долини, испраќаме слика од ручекот студентите во студентскиот дом Стив Наумов.

СДММ се залага за вистински, а не виртуелни проекти за млади.

После смената на власта ќе има и нови читални, библиотеки и студентски домови. Се обврзуваме веднаш да ги подобриме условите за млади.

Да, младите за Македонија!

Но, за Македонија без Груевски и ВМРО –ДПМНЕ.

За Македонија со студентски кампус, младинска гаранција, грантови за поддршка на млади“, велат од СДММ.