(ФОТО)Како во 19-ти век: Жителите на „Ангел Трајчев“ во Свети Николе три месеци во „кал до коленици“

0
1379

12242133_10203907692412332_536565769_n-Copy

Жителите од Светиниколската улица „Ангел Трајчев“ веќе трет месец газат по гола кал. Откога општината решила да ја санира улицата, коцките да се заменат со асфалт, увиде и дека треба да се заменат дотраените водоводни цевки. Цевките се заменети, но поради нестручност и невнимавање на стандардите на поставување на цевките, новите цевки испукаа.

Според граѓаните кои живеат на „Ангел Трајчев“ цевките се поставени повисоко од определените стандарди, односно не се длабоко закопани, па при рамнење на улицата со булдожер, цевките испукале.

Жителите на оваа улицам кои се обратија до нашата редакција, веќе трет месец мака мачат со прекини на вода, а дополнителен проблем во овој период им е и калта по неасфалтираната улица која оневозможува поминување на превозни средства, така што камионите кои носат дрва за огрев се приморани дрвјата да ги истовараат на друго место.

12295158_10153295455701270_1817508011_o-670x893

– Треба да одиме 500 метри по чиста кал и на раце по истата да ги носиме дрвата до нашите домови. Повикуваме одговорните што побрзо да го решат нашиот проблем – велат револтираните жители од улицата „Ангел Трајчев“ во Свети Николе.

12295626_10153295455511270_354451402_o-670x893

Од особено значење е и фактот што единствено преку оваа улица се доаѓа до ОУ „Кирил и Методиј“

-„Веќе три месеци се молиме да не се случи некоја опасност, бидејќи ниедно возило, ниту возилата на брзата помош и противпожарна, не би имале пристап до ниедна куќа, ниту до училиштето. Загрижени сме за нас  и за нашите деца и ја повикуваме Локалната Власт што побрзо да го реши овој проблем“

12287174_10153295456081270_1996280349_o-670x893

-„Бараме одговор од Локалната Власт каде се коцките што ја покриваа нашата улица?“-прашуваат жителите на улицата.

-Ветено ни беше дека до ноември ќе имаме нова улица. Со оглед на временските услови, нема да имаме улица до пролет, до Изборите. Апелираме до градската Власт што поскоро да ги реши проблемите со кои се соочуваме – велат загрижените жители на улицата.