Уште една БОМБА на Николовски: Уште 4 милиони евра за сопственикот на ТВ Нова, Сеад Кочан преку Министерството за земјоделство

0
1445

„Продолжуваме со демаскирање на улогата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство како параван преку којшто Груевски ги задоволува газдите на медиумите задолжени за пропаганда и медиумски хајки, скапо платени со пари на граѓаните.

Покрај тоа што половина милион евра за чистење на канали завршиле кај „Силекс Неметали“, покрај тоа што 700.000 евра заршиле кај „Трансмет“ денеска објавуваме докази дека нови 4 милиони евра завршиле кај фирмата „Трансмет“, чиј сопственик е Сеад Кочан“, рече дополнителниот заменик министер, Љупчо Николовски.

„Ова е договорот од 16.07.2014 година со кој што фирмата „Трансмет“ добива тендер од над 184 милиони денари за изградба на пристапен пат за брана „Речани“ на Оризарска река, Кочани.

Ова е уште еден договор на дополнителни близу 57 милиони денари, склучен на 27.08.2015 година за Санација на брана Пишица- Пробиштип, за потребите на Управата за водостопанство.

Тоа се вкупно 4 милиони евра, пари на граѓаните, преку Министерството за земјоделство  за сопственикот на „Телевизија Нова“ за кого од политичките бомби слушнавме како Груевски зборувајќи во шифри, го нарекува „оној што има Сеат Ибица“. Слушнавме како Груевски дава налог„И овие нека влезат во игра, да се задоволни сите“. Очигледно тоа бил начинот да се кројат и сите тендери од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Да не го заборавиме и Орце Камчев, уште еден сопственик на медиуми кој благодарение на Груевски е во врвот по користење на земјоделските субвенции. Само за последниве 4 години ЗК Пелагонија на Камчев добива над 4,5 милиони евра.

Преку Министерството за земјоделство, наместо за земјоделците, милиони евра, пари на граѓаните, завршуваат во медиумите на Никола Груевски кои што шират невистини и ги лажат граѓаните.

Само во Сител, Канал 5 и Алфа, во последните три години завршиле 13 милиони евра пари од граѓаните!

Затоа Никола Груевски не сака слободни медиуми и не прифаќа европски закони за регулација на медиумите.

Јавноста има право да ја знае вистината за катастрофалната состојбата во која се наоѓа македонскиот аграр и злоупотребата на субвенциите, наспроти  рекламите на Груевски“, изјави Љупчо Николовски.

Scan1 Scan2 Scan3 Scan4