Уште еден ШОК од САД за КОПУКОТ: Грујо нема да има средби во Стејт Департментот, по средбата со Бајден веднаш пакува куфери за Македонија

0
1104

Премиерот Никола Груевски, кој е во посета на САД, нема да има средби во Стејт Департментот и веднаш по средбата со американскиот потпретседател Џо Бајден, ќе се врати во Македонија, објави Телма.

Средбите во Вашингтон се на барање на владата на РМ, соопшти вечерва американската амбасада во Скопје.

„Владата на Република Македонија барала премиерот Груевски денеска да се сретне со потпретседателот на САД Џо Бајден за да разговараат за спроведувањето на договорот од Пржино, за безбедносните како и за останатите прашања од заеднички интерес“, велат од амбасата на САД во Македонија.