Утре рочиште за „Диво насеље“

0
911
Во скопскиот Основен суд утре е закажано рочиште против 18 обвинети во случајот „Диво насеље“, кои претходно се изјаснија како невини.
Според обвинителниот акт, тие ќе одговараат за тероризам и за нарушување на уставниот поредок на државата.
На 9 и на 10 мај во кумановската населба Диво насеље вооружена група се судри со безбедносните сили при што загинаа осуммина полицајци, а повеќе од 30 беа повредени.