Утре марш против насилството на сексуалните работници/чки

0
901

12345668_10153927936512518_7875210359762923620_n-670x446

Соопштение на Стар Стар – првиот колетив на сексуални работиници/чки:

Првиот колектив на сексуални работници Стар Стар од Скопје, годинава по осми пат се приклучува кон глобалната акција за солидарност кон сексуалните работници, во пресрет на Меѓународниот ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници, 17-ти декември.

-По тој повод, Ве повикуваме на 17-ти декември во 12 часот пред Плеј кафето да улиа Македонија  заедно да марширате со нас и заеднички да ги охрабриме сексуалните работници кои годинава повторно ќе застанат во првите редови и ќе го предводат маршот.

Ова е Марш кој и пркоси на небезбедноста, а портрет на оние кои ги креираат судбините на сексуалните работници и живеат еден поинаков свет во своето Скопје, за разлика од “курвите” кои ја издржуваат грубоста на улиците. Иницијативата за овој ден доаѓа од Д-р Ени Спринкл (сексуална работничка) по извршениот масакр врз сексуални работници во Грин Ривер. Откако бил фатен сторителот на масакрот Ели Спринкл изјавила: “Имаме потреба од итна акција. Да се потсетиме сите ние на моите сестри – курви, кои умреле толку ужасно и непотребно. Ние нема да престанеме да маршираме додека нашите сестри не се безбедни на улица, ниту дома”.

Црвениот чадор е глобален симбол на сексуалната работа. Црвената е боја на убавината, а чадорот штити од надворешни влијанија, лоши клиенти, макроа и слично. Ве молиме придружете им се на десетиците сексуални работници кои ќе го предводат овој марш.
Овој настан има особено значење за нас! – стои во известувањето на настанот.