Украдени голем број на компјутерите на фирми од зградата до обвинителството на Катица Јанева!

0
1027

Ноќеска се случила голема кражба во старата зграда на Сојуз на возачите која се наоѓа веднаш до зградата на специјалното обвинителство на Катица Јанева, објави порталот Локално.

Полицијата е на терен и врши увид а според  првичните информации украдни се многу компјутери и други предмети сопстевеност  на компаниите сместени во зградата.Необична е комоцијата на групата крадци, што зградата се наоѓа во строгиот центар на градот, веднаш до зградата на специјаното обвинитество, која  како што велат треба да е најбезбедната зграда и реон  во центарот на Скопје, поради класифицираните документи и предмети кои ги поседуваат , а сепак непречено  се случува голема кражба.

Упатените за локално.мк коментираат дека „немоќта“ на полицијата може да се поврзе најверојатно со тивкиот бојкот на новиот министер од страна на владините структури во МВР, и несекојдневниот ангажман и премореност на полицијата во менаџирањето и обврските со мигрантската криза.