Убијци и педофили на листата на помилувани од Иванов!

0
1629

Убијци, братоубијци, соучесници, подмитени шумски полицајци, лихвари. Осуденици со тешки кривични дела се најдоа на листата на  помилувани за Нова Година од претседателот Ѓорѓе Иванов. Официјалната одлука не ги содржи делата за кои се осудени, не се објавени нуту во службен весник. Но ако се пребараат имињата и презимињата на Google тогаш се појавуваат десетици новинарски написи за изречени пресуди против луѓе со исто име и презиме и за кое дело, објавува Телма.

Така на пример во листата на целосно ослободени се наоѓа име на човек кој според интернет архивите е чувар на училиште во Дебарт кој убил еден човек а еден тешко повредил. Исто така може да се најде и името на помилуван кој бил осуден во случајот со убиството на Михајло Чавревски, момчето кое беше убиено од дргарите па фрлено кај Козјак.  Меѓу целосно ослободените е и српски државјанин чие име и презиме и место на живеење со совпаѓаат со возачот од Ниш што ја предизвика сообраќајката кај Демир Капија во која загина осум месечно бебе и неговиот чичко.

Дел од целосно помилуваните е и обвинет во случајот Агент заедно со екс разузнавачот Слободан Богоевски. Телма се обиде да контактира со дел од овие луѓе но тие се недостапни. Затвореници од иИдризово, преку Фејзбук тврдат дека  претседателот помилувал и силувачи и поради тоа бараат листата да се објават и делата.

За педофилија се помилувани Перо, Стојан, Сулеман, Мустафа и други кои се наоѓаат во Идризово. Поради заштита на осудениците не ги објавуваме целосните имиња, а власта е онаа која треба да ги објави.

Инаку според законот за помилување не смее да се даде на луѓе осудени за кривични дела против изборите и гласањето, против половата слобода и морал сторени спрема деца и малолетни лица, против здравјето на луѓето и производство и продажба на дрога. И активистката Мери Николова која во собранието пред неколку месеци го поднесе законот за целосна амнестија бара да се објават делата, за да се види дали Иванов го прекршил законот за помилување.