УШТЕ ЕДНА МЕГА ГЛУПОСТ НА ,,ЕКСПЕРТ ГЕНИЈАЛЕЦ” ОД ДПМНЕ: Ацо Станковски тврди дека бегалците од Сирија бегале кон Европа заради секс?!

0
2080

Откако Тања Каракамишева не извести дека Македонците емигрирале заради „невозвратена и непреболена љубов“, а не заради лошата економска состојба во земјава, еве сега и Алксандар Станковски, не информира дека емигрантите од земјите на Блискиот Исток емигрирале во потрага по секс, а не заради ужасите на војните во нивните земји.

Чувствувам тренд на романтично-сексуална загрозеност кај ВМРО-вскиве „интелектуалци“, да ви кажам право. Само таква „аргументација“ им се врти во глава…

„А овие кутри еротизирани емигранти, млади мажи, што насетиле сексуални слободи во западните општества гледајќи еротски и порнографски содржини на интернет, се запалиле до лудило и тргнале кон континентот на слободната љубов, кон Китера, кон островот на сексот за да го исфрлат својот спермален млаз, што ги мачи и полудува, врз јадрите тела на нордиските убавици. Па, нека чини, колку што чини.“