УТРЕ АПЕЛАЦИЈА ЌЕ ЈА ПОТВРДИ ПОЛИТИЧКАТА ПРЕСУДА ЗА ШПИОН?

0
984

За утре со почеток во 9:30 часот е закажана јавна седница во Скопскиот апелационен суд за случајот “Шпион”.

Нашите информации говорат дека се подготвува потврдување на неправдата која што беше направена кон најголемиот дел од осудените лица. Имено, во овој случај беа уапсени 20 лица осомничени за наводна шпионажа, уцени, рекети. Од овие дваесетина  лица, најмалку пет лица немаат никаква врска со кривични дела но имаат за грев што знаеле, имале во рака или виделе тешки криминали за првите луѓе од власта. Целта на оваа акција била да се етикетираат и прогласат за криминалци токму оние лица кои знаеле за криминалите на власта.

Sasho Mijalkov krv

Според нашите извори, овој случај е монтиран со силен политички притисок од власта, со цел неутрализирање на чесни и невини луѓе. Монтажата започнала од МВР, па истата таа монтажа ја продолжува Обвинителството, односно одделот што го раководи баџанакот на Мијалков.

Во текот на постапката се направени бројни фалсификати и прекршувања на законите, само и само да се исполни нарачката. Во текот на постапката биле евидентни и бројни притисоци врз судот со цел да се извојуваат и првостепени пресуди за осомничените. Во тоа се успеало. На шести октомври 2014 сите беа прогласени за виновни во првостепената пресуда.

Нашите информации се дека и утрешната седница ќе биде една обична фарса подготвена од страна на власта. Пресудата и предметот ги има проучено само судијата известител, човек близок до власта. Останатите членови на советот, Претседателката на Апелација назначена од власта, кумата на баџанакот на Мијалков, и апелационен судија именуван по партиски клуч од ДУИ во 2011,  не се запознаени со никакви детали од случајот. Ниту ги прочитале жалбите на обвинетите, немаат намера ниту да ги читаат, ниту пак да слушаат што би кажале. Нивната цел е да ја спроведат нарачката. Да ги зголемат или да ги потврдат казните. Сценариото целосно било осмислено од страна на судијата известител, а останатите треба со кревање на рака да запечатат судбини на невини луѓе.

Додека светската политичка јавност се обидува преку системски решенија да обезбеди владеење на правото во Македонија, некои темни структури сакаат на најподмолен начин да го потврдат злосторот направен во политички монтираниот случај Шпион.

Власта сака да испрати порака до меѓународната јавност, дека сеуште е моќна и недодирлива и покрај сите досегашни напори за владеење на правото во Република Македонија.