Тортевски: На почетокот ќе има отпор од судот, но судиите ќе сфатат дека не смеат да ги штитат криминалците

0
1001

Се надевам дека судиите ќе сфатат дека од исклучителна важност е доследно да ги применуваат законите без разлика кој е прекршителот и каква функција извршува. Потребна е професионална, независна и непристрасна истрага за да може да ја извлечеме земјата од длабоката криза во која се наоаѓа подолг временски период“, вели во изјавата што за новинарот на Фактор Горазд Чомовски ја даде адвокатот Александар Тортевски.

Не верувам дека ќе има било какво пазарење без разлика што во надлежност на Специјалното јавно обвинителство сега се и случаиите „Надеж“ и „ Маѓар Телеком“ . Доколку беше идејата да дојде до некаков политички „дил“ тогаш немаше да се формира Специјално јавно обвинителство. Мислам дека на почетокот ќе има отпор од судот, меѓутоа многу брзо судиите ќе сфатат дека не смеат да ги штитат криминалците“ вели Тортевски.