Тортевски: Иванов може прв да го помилува убиецот на старецот од Мариово

0
955

Авокатот Александар Тортевски, во обид да ја прикаже апсурдноста на одлуката на Уставниот су,д денеска побара аболиција за сите изборни силеџии, но и за убиецот на старецот од Мариово, кој застана во одбрана на Катица Јанева, пренесува Фокус.

– Имајќи ја предвид одлуката на Уставниот суд со која на претседателот ќе му се дава право да дава помилување и амнестија, предлагам како прв да биде помилуван убиецот од Мариово кој го уби соседот само затоа што ја бранел работата на Специјалното јавно обвинителство.

За изборите, заради ефикасно и економично работење, предлагам владејачката партија да ангажира по 20 силеџии кои на секое гласачко место ќе тепаат и ќе ги кршат избирачките кутии, а претседателот со жолто комбе да ги обиколува гласачките места и со готови бланко решенија да издава аболиции за силеџиите, а се со цел тепачите да не бидат изложени на непријатност некој да им даде покана па да се влечкаат по судовите, што, ќе признаете, не е пријатно за припадници на владеачката партија – вели Тортевски.