Суад Мисини го откри мастер планот на ВМРО-ДПМНЕ

0
1233

Пријателско предупредување

Сакам да потсетам на пар работи што ги зборував последниов период, јавно, во медиуми и мислам дека треба да ги повторам на еден синтетизиран начин:

1) Направени се повеќе обиди (верувам сеуште се прават) со цел да се намести апсење на Заев, преку местенки кои би требале да покажат дека тој злоупотребува снимки и флагрантно прекршува закон; тоа покажува по икс пат дека специјалната војна на ДПМНЕ е во полн ек и дека ниту СДСМ ниту граѓаните (ок, најголемиот дел) имаат било каква заштита.

2) Сите оние кои бараат активирање на бомби по денешните настани, да ги потсетам дека бомби нема. Тие се кај Катица. Ако Заев сега треба да глуми дека има нови бомби што ги нашол последниве два – три дена, мислам дека тоа е многу површно.

3) Вечерва ќе заврши оваа фаза на мастер планот на ДПМНЕ, со извесниот избор на техничката Влада. Наредната фаза е неутрализација на Катица. Таа активност трае веќе некое време, но во наредниов период ќе се фокусира и интензивира. Постојат неколку стратегии кои симултано ќе се применуваат против СЈО.

4) ДПМНЕ ќе има исклучителна дополнителна активност за правење директен – преку средување на изборните тесни грла, и индиректен, преку Брисел, притисок и мотивирање на СДСМ да излезе на избори.

5) ДПМНЕ ќе стори сѐ за да се одржат избори на кои ќе учествува СДСМ. Паралелно, ќе ги допрецизира плановите за алтернативни решенија доколку претходното не се оствари. Тие решенија вклучуваат и конфликти, чија природа може да биде трансформирана во вид на конфликт кој нема директна врска со природата на актуелниот анимозитет во општеството. ДПМНЕ ги има сите институционални, финансиски, човечки и криминални ресурси за тоа.

Секој треба сериозно да размисли што треба да прави во оваа состојба. Затоа што утре нема да има ни оправдание ни втора шанса.

Од фејсбук зидот на Суад Мисини, политички аналитичар