Стипе Месиќ во Тетово: Брзо решение на политичката криза

0
1307

Со оглед на тоа дека повеќе не сум во оперативната политика сепак сум заинтересиран за одредени прашања во Вашата земја како што е прашањето за побрз влез на Вашата земја во Европската унија, истакна бившиот претседател на Република Хрватска господинот Стипе Месиќ при денешната средба со градоначалничката Теута Арифи.

Нерешеното прашање околу политичката криза треба да го решат политичките елити во Македонија затоа што тоа е проблем што не само на Македонија туку и на целата Европска унија и затоа треба негово што поскоро решавање истакна денес еден од поранешните претседатели на Р.Хрватска Стипе Месиќ.

За тоа како Хрватска се справува со бегалската криза која ја потресува Европа тој истакна дека треба максимално да се помогне на бегалците , но тоа не е решение за проблемот , овој проблем треба да се реши од таму од каде потекнува, со политички средства а не со војна.Оние кои ја произведоа оваа криза не сметале на последиците , најлесно беше да се сруши Гадафи а сега во Либија има 5 племиња кои војуваат меѓусебе и две влади, единствено што изворите на нафта имаат нов сопственик-рече Стипе Месиќ одговарајќи на новинарско прашање .

Во 17 часот на Државниот универзитет во Тетово ќе биде промовирана неговата книга Како ја срушив Југославија која датира од 2010 година и која е продадена во три изданија но под три различни наслови.Стипе Месиќ стана почесен граѓанин на општина Тетово во април 2012 год.