Стејт департмент: Има уште многу работа за изборите, времето е кратко

0
811

Screenshot_1

Помошник-секретарот во Американското биро за демократија, Роб Берчински, преку Твитер порача дека САД ја поддржува Македонија при имплементацијата на Договорот од Пржино и фер избори но дека времето е кратко а има уште многу работа.

Неговата порака следува по вчерашната средба со техничкиот премиер Емил Димитриев во Скопје на која присуствуваше и американскиот амбасадор во Македонија, Џес Бејли.

Кабинетот на Димитриев информираше дека соговорниците ги поздравиле билатералните односи помеѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави, кои се карактеризираат со пријателство и со соработка во сите полиња од заемен интерес.

Во соопштението се вели двете страни ја истакнале значајноста и приоритетот на организацијата на фер, кредибилни и демократски избориа а била истакната нужноста за посветеност на сите политички партии во унапредување на довербата во изборниот процес.