“Старо комуњарско ѓубре” – вака градоначалникот Панов му се обратил на член на управниот одбор на ФК Тиквеш

0
1207

Орданче Бошковски, претставник на навивачката група “Лозари” и член на управниот одбор на фудбалскиот клуб “Тиквеш”, добил вербални навреди од градоначалникот на општина Кавадарци, Александар Панов, пишува порталот Мојотград.

“Старо комуњарско ѓубре што јаде г***а…”  вака недолично и со овие зборови Панов му се обратил на Бошковски на денешниот состанок во просториите на локалната самоуправа на општина Кавадарци на кој состанок главна тема бил буџетот на ФК “Тиквеш” и како понатаму во делот на инвестирањето. Веднаш после изговарањето на овие погрдни зборови, градоначалникот Александар Панов демонстративно го напуштил состанокот и притоа изјавил дека средствата кои биле планирани како буџет за наредниот период ќе ги откажел тој лично.

Бошковски на својот фејсбук профил ја сподели оваа потресна и немилосрдна сцена од страна на кавадаречкиот градоначалник велејќи дека Панов се однесувал како парите да ги дава од сопствениот џеб а не од џебот на граѓаните.

“…бев избран за член представник на навивачката група во управата на фудбалскиот клуб Тиквеш, функција за која во текот на цела полусезона не бев ниту еднаш повикан на состанок…” објаснува Бошковски. Тој вели дека додека е оваа криминална банда на власт во Кавадарци не сака да има никакви врски со спортот и фудбалот, вели, кој што си дробел тоа нека си срка…

Бошковски вели дека градоначалникот Александар Панов ветил 1.000.000 денари буџетска инјекција за фудбалскиот клуб Тиквеш вклучувајќи ја и организацијата на традиционалниот фудбалски турнир “Вуко Каров”. Но сето останало само на ветувања. Исто така споменува дека досега тој заедно со навивачката група Лозари и кавадаречката фудбалска јавност имаат доставено многу предлози и идеи за подобрување на фудбалот и спортот во Кавадарци, но за жал ниеден предлог не им е усвоен.

Текстот во целост прочитајте го тука