Средба Заев – Пахор: Продлабочување на соработката

0
892

„Претседателот на СДСМ Зоран Заев, во рамки на работната посета на Словенија оствари средба со претседателот на Република Словенија, Борут Пахор.

На средбата се разговараше за актуелните случувања во регионот и во Македонија.

Претседателот Заев го запозна словенечкиот претседател Пахор за длабоката политичка криза во Македонија, напорите што ги прави СДСМ за нејзино решавање и овозможување неопходни услови за оддржување фер и демократски избори.

Претседателот Борут Пахор ја истакна целосната поддршка што ја дава Словенија на Македонија за полноправно членство на земјава во ЕУ и НАТО.

Постои согласност дека Република Македонија и Република Словенија се пријтелски земји и дека е потребно продлабочување на меѓусебната соработа.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев и претседателот на Република Словенија, Борут Пахор, разменија мислења за бегалската криза со којашто се соочуваат Македонија, регионот и Европа. Заклучено е дека е неопходна блиска соработка на безбедносните служби на земјите членки на ЕУ и на земјите на ЈИЕ коишто се први на удар од бегалската криза, како и солидарност помеѓу сите европски држави за прифаќање и адекватен третман согласно меѓународните стандради.

На средбата двајцата соговорници посветија значително внинамание на случувањата во Франција и изразија сочувство до жителите на Париз и до граѓаните на Франција како и солидарност со францускиот народ и целата демократска јавност, во борбата против заканите од тероризам“, се вели во соопштението на СДСМ.