Спасовски за Доказ: Направени се пропусти во истрагите за нападите на новинарите

0
1391

Ги преземаме сите неопходни предистражни и оперативни дејствија со цел да ги разоткриеме извршителите на нападите на новинарите, вели во интервју за Доказ, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

– Меѓутоа, треба да се има предвид дека при пријавувањето на овие настани, направени се некои пропусти, кои ќе бидат предмет на посебна истрага. Ваквите пропусти претставуваат пречка за успешно спроведување на предистражните дејствија. Меѓутоа, и покрај тоа, постапката продолжува. Не се откажуваме од намерата да се санкционираат нападите врз новинарите, свесни дека мотивот за овие напади се со една единствена цел, тие да се замолчат и заплашат – додава тој.

Спасовски вели дека ја гледа функцијата министер како алатка која ќе придонесе за подобрување на функционалноста и ефикасноста на Министерството, враќање на довербата на граѓаните преку интензивирање на процесите на декриминализација, департизација и деполитизација на Министерството, а со цел максимално да се придонесе за создавање услови за фер и демократски изборен процес.

  1. ДОКАЗ: Министре, пиете ли барем на утрински колегиуми заедно кафе со дополнителниот заменик министер Чавков или „непријателството“ е до крај?

СПАСОВСКИ: Не практикувам  да го почнувам денот со пиење кафе. Со дополнителниот заменик министер Митко Чавков  соработувам  колку што е потребно за спроведување на надлежностите на Министерството за внатрешни работи, а во  согласност со одредбите од договорот од Пржино.

  1. ДОКАЗ: Вашиот заменик очигледно има партиска задача на секој чекор да ви поставува петарди, да ви сместува полициски игри и афери.

СПАСОВСКИ: Најверојатно, мотивите заради кои ги обавуваме своите  функциите во министерството, не ни се идентични. Јас функцијата ја гледам  како алатка која ќе допринесе за подобрување на  функционалноста и ефикасноста на министерството, враќање на  довербата на граѓаните преку   интензивирање на  процесите на декриминализација, департизација и деполитизација на  министерството, а со цел максимално да придонесеме за создавање услови за фер и демократски изборен процес, согласно политичкиот договор .

Целото интервју  на министерот за внатрешни Оливер Спасовски за порталот Доказ може да го прочитате  ОВДЕ