Сефер Цаноски: Бидејќи премиерот е во САД, убаво е да му објаснат дека приватниот имот е нешто свето

0
1332

Бомба 5 и Бомба 13 !

Бидејќи денес “нашиот” премиер е во САД убаво е таму да му објаснат дека приватната сопственост и приватниот имот или бизнис е нешто свето. Штом некој се дрзне од политичарите да чепка во приватен имот тоа е крај за него и тој за тоа мора да одговара.

Во овие два сета на разговори се гледа дека првиот човек на државава е директен нарачател и свесно бара начини како да направи штета на приватен имот и приватен бизнис на еден човек и една цела фамилија.

Ние уште кога се објавија овие разговориме рековме дека нема да седиме настрана и да молчиме…

Ние и нашите предци живееме со векови на ова наше свето место Македонија. Имаме обврска и према нив но и кон идните генерации да си ја зачуваме својата татковина и својот дом.

Немаме намера да молчиме кога некој ќе ни дојде дома и пред нос ќе ни го руши својот имот и згора на тоа ќе се изживува врз нашата фамилија.Наша должност е да се одбраниме од неправди со било кој и да е потребен начин.

Ние ќе се бориме со сите демократски средства за подобра иднина и фер однос кон било кој дел од општеството.

Политиката никогаш повеќе да не се употребува и да не биде алатка за остварување на лични интереси како до сега , со катастрофално ниво на култура и рушење на политичките противници и неистомисленици со сите можни недемократски средства.

Еден мој драг професор пред неколку години ми вика, Сефер,и цело грне со мед да си собрал , ако има една капка измет во него џабе ти е.

Така да не викам дека премиерот нема направено и некоја добра работа за државава но што ако, и да му е грнето полу полно со мед ,штом другата половина му е со измет џабе му е се !

Јас сум и ќе бидам секогаш за демократска Македонија !

Сефер Цаноски – Фејсбук статус