Селмани: Ова е држава на ВМРО-вци и на корумпирани и неписмени Албанци!

0
1385

Можам да замислам како ќе одлучува новиот член на Комисија за спречување од дискриминација, професорот Тони Науновски, кога утре некој член на СДСМ или некој Албанец ќе се пожали на дискриминација.

Ако СДСМ е предавничка партија, а Албанците граѓани кои не смеат да бидат премиери на Македонија, тогаш да ги дискриминираш нив е патриотска должност.

Членовите на СДСМ права нека бараат кај Сорос, а Албанците во Албанија! Ова е држава на ВМРО-вци и на корумпирани и неписмени Албанци!

ВМРО-ДПМНЕ ги наградува големите патриоти со државни функции, а ДУИ дисциплинирано ја спроведува партиската програма на ВМРО во 100 чекори, надградена и проширена!

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, го усовршија воспоставениот систем на недемократско, авторитарно и криминално владеење, подели па владај!

Браќа, доста не браневте!

Насер Селмани
фејсбук статус