СРЕДУВАЊЕ СО СТИЛ !

0
1158

„Играм фудбал, трчам три пати во неделата по шест до седум километри, пливам по три километри неколкупати неделно, возам велосипед, играм кошарка и посетувам теретана. Пред некое време имав незгода додека играв фудбал, завршив со две скршени ребра, па морав да паузирам од моите спортски активности. Веќе подолг период имам стилист, а тоа е Алек, омилениот стилист на Лепа Брена, но и на многу други естрадни ѕвезди од регионот. Тој редовно ме советува околу мојата фризура, околу негата на косата, па освен што ме потстрижува, користи и разни маски и гелови што се добри за квалитетот на влакното. Кога сум кај изгледот, морам да ја спомнам и мојата прекрасна сопруга Фанка, која секогаш кога одиме на некој јавен настан доста внимава на мојата гардероба, мора сè да биде сложено во тон, не остава ништо на случајноста”, вели Ристески кој веќе десет години е на функцијата градоначалник на општина Прилеп„.

Градоначалник!

Животниот стил е сплет од дејствија кои би требало да имаат смисла, односно кои се логични пред се за самиот себе а потоа и за останатите во дадено време и место, вклучувајќи ги општествените односи, потрошувачката, занимавањето и облеката. Колку за информација, кога станува збор за твојот личен стил, тоа подразбира сплет на дејствија кои ти би требало да ги превземаш а кои би требало да бидат логични пред се за тебе, потоа и за нас останатите со оглед на времево и местово во кое живееме, со оглед на опшествените случувања, твојата лична и потрошувачката кошничка на останатите а со оглед на твојата фуникција „Градски татко„, меѓу другото би требало да водиш сметка за разликата помеѓу твојата и облеката на останатите твои „Градски деца„. накратко Градоначалник тоа се рамките во кои ти би требало и би било нормално да го обликуваш твојот личен стил.

Само имај на ум дека не сите опшествени форми на институционална грижа за граѓаните ги нудат условите кои ти можеш сега да си ги допуштиш од позиција Градоначалник. Има и такви институционални форми каде фудбалскиот терен е 30-ет на 30-ет, стативите на голот се поставени од обични камења а патеката за трчање е покрај ограден зид со бодликава жица околу замислениот фудбалски терен, нема таму точаци Градоначалник, а кошарка се игра со помош на згужван лист со кој луѓето се обидуваат да ја погодат корпата за отпадоци . Таму под можности за пливање Градоначалник се подразбира млаз од ладна вода еднаш во неделата а наместо разни маски и гелови што се добри за квалитетот на влакното се користи обичен нискоквалитетен сапун за повеќе-наменска употреба, таму стилистите во зависност од можностите користат разни алатки за стрижење, почнувајќи од обични канцелариски ножици до обичен кујнски затапен нож. Таму Градоначалник ребра се кршат од забава и без спортување, доволно е само да кажеш еден погрешен збор на вистинската личност која таму ти би ја нарекувал (тато), а за стилот на гардеробата внимава и се грижи твојот партнер-цимер и со оглед на приликите добронамерно би те советувал, кое твое парче гардероба ќе го користи тој а кое ти. Таму Градоначалник на спот од Лепа Брена, Неда Украден, Јелена Розга, Емина Јаховиќ, се дрка.

Градоначалник, честитки за оној кој те посоветувал, токму во овој период да се експонираш со својот гламур и животен стил. Ама те средил…..