СЕГА СМЕ САМИ ВО БИТКАТА СО ГРУЈО, И ТОА Е НАЈДОБРОТО НЕШТО ШТО МОЖЕШЕ ДА НИ СЕ СЛУЧИ!

0
1263

“Ги повикуваме сите партии и организации да учествуваат на изборите, тоа е најдобар начин да се подобрат институциите и да се обезбеди веродостоен процес.”

Џес Бејли. Според него институциите се подобруваат преку избори?! А не обратно, прво се подобруваат институциите па се оди на избори?!

Грујо му вети на Бајден соработка во борбата со ИСИЛ кои се број еден непријател на САД, а на Хан му вети помош околу бегалската криза, пред се спречување за влез на економски мигранти а ако треба целосно затворање на границата. И двајцата за возврат му ветија дека ќе замижат на неговите зулуми во Македонија.

Сега сме сами во борбата со Грујо. Ако ова не не разбуди и раздвижи и освести и осили, не знам што друго треба за тоа да се случи. Сега нема мрачни странски сили нема државен удар, има само една битка, битка меѓу оние кои ја сакаат Македонија и и мислат добро притоа жртвувајќи се себеси и оние кои мислат само на себе на штета на Македонија.

И оваа битка мора да има само еден исход!

Саше Ивановски Политико