СДСМ се согласи со методологијата за избирачкиот список, вечерва седница на ДИК?

0
794

Опозициската СДСМ  ја потпиша методологијата за избирачкиот список. Таа е последната од четирите партии која даде согласност за методологијата што пред нова година ја предложи ДИК.

Според оваа методологија избирачкиот список ќе се ревидира во неколку фази. Постапката почнува со споредба на сегашната состојба на списокот со податоците од последните избори. Во наредната фаза ќе се прави вкрстено споредување на базите на податоци од 10 институции.
Во третата фаза ќе се врши теренска проверка на местата каде што податоците нема да се совпаѓаат. Ќе се користат ресурси на државниот завод за стастистика. Владата веќе одобри дополнителни простории, како и 50 автомобили за теренска проверка. Ќе биде и дополнително ангажиран стручен кадар, кој ќе биде ставен на располагање за потреби на ДИК.
Агенцијата Мета објави дека седница за усвојување на методологијата ДИК може да одржи уште вечерва.