СДСМ: Спречивме ново задолжување од 500 милиони евра

0
1147

„СДСМ спречи огромно ново задолжување на граѓаните од 500 милиони евра што Никола Груевски и Зоран Ставрески сакаа да го спроведат.

Во интерес на граѓаните и идните генерации, планираниот износ на еврообврзницата го преполовивме.

СДСМ не дозволи заради неразумните трошења на власта граѓаните да останат без плати, пензии, социјална помош. Но, исто така, СДСМ не дозволи недомаќинските политики на Никола Груевски да бидат товар на идните генерации.

Промашените политики во изминатите години се главна причина лошите економски перформанси Никола Груевски да ги покрива со постојано задолжување на граѓаните.

Сега Груевски и Ставрески не знаат како да се оправдаат пред граѓаните што во државната каса нема пари за основните потреби на граѓаните.

Останува клучно прашањето зошто Зоран Ставрески, кога во 2014 година ја издаде четвртата еврообврзница и ги задолжи граѓаните со 500 милиони евра, рече дека тие средства ќе се искористат за покривање на старите долгови и тоа не го направи?

Нели Ставрески на прес конференција убедуваше дека со тоа задолжување во 2014 година ќе има пари и за 2016 година.

СДСМ вчера спречи огромно задолжување на граѓаните и на дело покажа како ќе управува со јавните финансии, одговорно, транспрентно и во интерес на граѓаните.СДСМ покажа дека ќе се грижи не само за сегашните туку и за идните генерации“, се вели во соопштението на СДСМ.