СДСМ: Сашо Мијалков стои позади „Курир“

0
2074

„Минаа недели, се уште нема одговор што навистина е Курир, информативна агенција, интернет портал, агенција-партија?

Нема одговори ниту на прашањето кој го финансира „Курир“?

Дали една од причините за молкот е поврзаноста на фирмата сопственик на „Курир“, ЕМ МЕДИА ДООЕЛ Скопје, со братучедот на Никола Груевски, Сашо Мијалков?

Официјалните документи покажуваат дека фирмата ЕМ МЕДИА е основавана од Ацо Мисајловски, брат на министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, од ВМРО-ДПМНЕ.

Од оваа година, нов сопственик и управител на фирмата којашто стои зад „Курир“ е главниот уредник Саше Стојановски. Дополнително, Стојановски се јавува како сопственик на „Канал еден телевизија ДООЕЛ“ од Велес. Од историјатот на оваа телевизија видливо е дека на 23.11.2012 година во сопственичката структура фигурира и фирмата НВСП.

НВСП пак е фирмата којашто се јавува како основач на агенцијата за обезбедување СГС, зад којашто во проектот Вистината за Македонија се покажа дека стои лично братучедот на Никола Груевски, Сашо Мијалков.

Јавноста ја слушна вистината: братучедот на Никола Груевски, Сашо Мијалков, стои зад фирмата СГС којашто добива милионски тендери од институции, министерства, општини, јавни претпријатија, раководени од кадри на ВМРО-ДПМНЕ.

После оваа јасна поврзаност на „Курир“ и Сашо Мијалков јавноста очекува одговор на прашањето: кој и на каков начин го финансира „Курир“, се вели во соопштението на СДСМ.