СДСМ: Резултат на криминалните политики на Груевски – Македонија 13-та најбедна земја во светот

0
1096

„Груевски и Ставрески ја доведоа Македонија на последно место во регионот и Европа по директни странски инвестиции.

Странските директни инвестиции во третиот квартал од 2015 година изнесуваат само 3,5 милиони евра.

Македонија е 13-та најбедна земја во светот!

Од таму е вознемиреноста на ВМРО-ДПМНЕ и Груевски. И светот виде дека ја направија Македонија најмизерна земја за живот, токму заради ваквите лаги за наводни инвестиции и вработувања.

Овие поразителни податоци покажуваат дека промашените економски политики на Груевски и Ставрески ги бркаат странските инвеститори и компании од земјата.

Милионски долгови и нови невработени лица оставаат зад себе странските инвеститори коишто си заминуваат од Македонија.

Carrefour си заминува од Македонија оставајќи милионски долгови кон домашните компании, неисплатени плати и работници на улица.

Повеќе од 1000 рудари во рудниците Тораница и Злетово останаа без работа затоа што индиската Индо минерали и метали ја напушти земјата.

И турската фабрика Улак амбалаж ја затвори својата фабрика во Берово и остави педестина луѓе на улица.

Граѓаните беа излажани и во Свети Николе кадешто требаше да се отворат нови 450 работни места во холандската фабрика за печурки којашто никогаш не дојде.

Празни ливади и депонии се странските директни инвестиции со коишто се расфрлаат Груевски и Ставрески.

Наместо 5.600 вработувања во Веибо груп и инвестицијата од 400 милиони долари како што ветуваше Никола Груевски сега има само изорана ливада и нула нови работни места.

Груевски излажа и за италијанската Орланди, турски Шишеџам, Хајер и Тривју, индиската Мадерсон, француската Монтипе, израелската Газит Глоуб, Еуро Италија, Искра Словенија, Биротекник Отомотив, Грудхост од Данска…

Криминалите и корупцијата во врвот на власта однесоа безброј работни места и ги избркаа младите од државата.

Разобличени се лагите за виртуелните инвестиции на Груевски. Дојде крајот на Груевски, доаѓа крајот на виртуелните политики на ВМРО-ДПМНЕ.

Вистинските инвестиции доаѓаат по промените, откако СДСМ ќе ја преземе одговорноста. Примарна цел ќе биде развојот на домашните мали и средни пртпријатија и отворањето на нови работни места“, велат од СДСМ.