СДСМ: Поради таквите како Ставрески работат фабриките за криминали на Груевски

0
1057

„Во Македонија 10 години работат само фабриките за криминали на власта на Никола Груевски.

Кумот на Груевски, Зоран Ставрески вели дека на Македонија не и требаат фабрики за афери, а 10 години не им вели НЕ на шефот Груевски и неговата фамилија, експерти за криминали.

Поради таквите како Ставрески, Пешевски, Јанакиески, Тодоров, Јанкулоска, одлично работатат фабриките за криминали на Груевски и братучедот Мијалков.

Така Груевски успешно се сместил на милионски парцели на Водно и во неколку станови во Скопје.

Така Груевски и Мијалков ги тераат рајските шеми со рајските земји од коишто буктат нивните бизниси.

Така ја договарал Мијалков провизијата од половина милион евра само да почнат преговори за набавка на опрема за прислушување од Израел.

Или провизијата од 25 милиони евра за автопати што ја средувале Груевски и Јанакиески.

Или милионскиот тендер што го овозможил Тодоров за омилената уредничка од Сител и Вечер Ивона Талевска.

Или она што меѓу последните криминални афери излегува од фабриките за криминали на власта на Груевски.

МВРО под команда и Груевски, Мијалков, Јанкулоска издавало и печатело незаконски лични карти, со што незаконски овозможиле лица кои немале право на глас, да гласаат!

Лица кои немале лична карта, ги има во Избирачкиот список, со право на глас!

Издавале лични карти на лица кои немале документ каде живеат, односно немале решение за живеалиште!

Срушен е виртуелниот свет на Груевски и неговото друштво.

Затоа Груевски и ВМРО-ДПМНЕ немаат трпение и затоа се во хистерична паника на конструкции со медиумската пропаганда. Затоа Груевски и ВМРО-ДПМНЕ го одложуваа Договорот од Пржино. Затоа Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не сакаат избори.

Граѓаните на слободни избори ќе ги стават Никола Груевски и неговото друштво во историската меморија на Македонија“, се вели во соопштението на СДСМ.