СДСМ Охрид: Двајца без тројца во Охрид – се виде „цената“ на Груевски!

0
1072

Груевски ја изгуби поддршката од граѓаните. За тоа говори слабиот одѕив на граѓаните за време на неговата посета на Охрид но и неговите барања до цела администрација за присуство на настаните од агендата на Никола Груевски. Скандалот што се случи вчера во Охрид, кога на вработените во градинките и училиштата по електронска пошта им било испратено барање за присуство на агендата на Груевски покажува колку е осамен, порача Општинската организација (ОО) на СДСМ во Охрид.

„Во 21 век Никола Груевски се уште се занимава со фекални канализации и најави за базени. Никола Груевски самиот се сведе на смешна замена на своите градоначалници. Со тоа самиот Груевски потврди дека локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ е неспособна да ги исполни основните обврски кон граѓаните а тој е не заслужува да биде на било каква одговорна функција.

Дали следната пресечена лента од страна на Никола Груевски ќе биде свечено отворање на лифт? Едно е јасно. Времето на Никола Груевски помина. Збогум Никола!