СДСМ: Од јуни државата не им платила на фирмите што вработуваат инвалиди

0
1075

Од месец јуни оваа година, до денеска, државата се уште нема исплатено ниту денар на фирмите коишто вработуваат инвалидни лица, што е недозволиво и крајно неодговорно, велат од СДСМ и истакнуваат дека примарна цел на партијатае зголемување на социјалната и општествена вклученост на лицата со попреченост.

„Нема звучна или тактилна сигнализација на улиците и тротоарите, нема пристап до соодветни ортопетски помагала, нема инклузивно образование, се уште децата со попреченост се одбиваат од градинките, институциите немаат ниту пристапни рампи и лифтови за лицата со физичка попреченост. СДСМ и денеска, но и по промените и превземањето на власта ќе направи се на овие наши сограѓани и на нивните семејства не само да им го олесни животот, туку вистински да им биде достоинствен“, се наведува во соопштението.

СДСМ нгасува дека го поддржува вработувањето на лицата со попреченост што ќе придонесе за зголемување на нивните економски можности.

„Вклучувањето на овие лица, наши сограѓани, поттикнувањето и искористувањето на нивните капацитети ќе придинесе и кон развој на целото општество. Доста беа мерки кои се на ниво на милосрдие. Потребно ни е општество кое се грижи сите ние да добиеме можност да го дадеме максимумот во негова изградба. СДСМ ќе направи се јавната свест во земјава да се донесе до ниво на мобилизација на сите засегнати страни вклучувајќи го приватниот сектор и локалните заедници“, се вели во соопштението од најголемата опозициска партија.