СДСМ: Медиумите ќе бидат слободни, тоа е незапирлив процес

0
1112

„Никола Груевски и неговите медиумски слуги се во паника од процесот за средување на состојбите во медиумскaта сфера.

Груевски е престрашен да не ги изгуби креаторите на виртуелните вести за неговите виртуелни инвестиции, виртуелни работни места, виртуелни политики од кои се иселија 626.312 илјади луѓе.

Сопствениците и уредниците кои креираат виртуелни вести се во паника дека ќе ги изгубат милионите евра пари на граѓаните со коишто Груевски 10 години ги корумпира и им ги држи устите затворени.

Овој преговарачки процес става крај на самоволието на Груевски и неговите медиумски курири, на нивните навреди, клевети, говорот на мораза што го употребуваат, кршењето на човековите права.

Тоа е незапирлив процес. Во Македонија сега директор на Агенцијата за медиуми е висок партиски функционер на ВМРО-ДПМНЕ.

Во Македонија, јавниот сервис платен од граѓаните, МРТВ е партиски штаб на ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа и Рајнхрд Прибе, ОБСЕ/ОДИХР, Европската Комисија во извештаите бараат регулацијата на медиумите, обезбедување и гарантирање на слободата на говор.

СДСМ се бори и ќе ги врати слободата во општеството и слободата во медиумите.

Новинарите професионално и слободно ќе можат да работат, каква штo е нивната должност пред јавноста.

Слободата ќе ја почувствуваат и новинарите во медиумите под окупација на Груевски.

Новинарите знаат. Граѓаните знаат. Доаѓа слободна и европска Македонија“, се вели во соопштението на СДСМ.