СДСМ: Медиумите на Никола Груевски 10 години шират лаги и сеат магла

0
1184

„Мерните станици покажуваат загаденост на воздухот дури и во сончеви и ведри денови.

Во Скопје, годишно има помеѓу 150 до 180 денови во коишто воздухот е загаден над дозволеното односно со високи концентрации на канцерогените честички.

Одговорот на овие поразителни факти на ВМРО-ДПМНЕ е „Владата во своите заклучоци им препорача….“

ВМРО-ДПМНЕ нема ниту знаење ниту капацитет да го реши проблемот со енормното загадување на воздухот, штетен по здравјето на граѓаните.

Додека граѓаните се гушат во загаден воздух, полн со високи концентрации на канцерогени ПМ 10 честички за пропагднда и медиумски хајки се потрошени 20 милиони евра за три години.

Медиумите на Никола Груевски 10 години шират лаги и сеат магла во обид да ја сокријат вистината за катастрофалната реалност.

Затоа за три години, во медиумите задолжени за ширење на владине лаги завршиле 20 милиони евра, пари на граѓаните.

Да се инвестираа овие 20 милиони евра во заштита на животната средина граѓаните на Македонија немаше да дишат загаден воздух“, велат од СДСМ.