СДСМ: Крушево се празни, не може да ги чека виртуелните инвестиции

0
1628

Во 21-от век Крушево живее без многу работи што се насекаде нормални, а младите го напуштаат градот оти повеќе не може да ги чекаат виртуелните инвестиции – ветени од Никола Груевски,а нереализирани, порачува СДСМ.

„Граѓаните на Крушево имаат идеја: Збогум Никола! Без идеи и без резултат зад себе, Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ доцна се сетија на граѓаните. Виртуелниот свет на Никола Груевски донесе нула инвестиции во Крушево.

Индустриската зона Сува Река, ветена од Груевски пред цели 7 години, се уште не е изградена.Најавата за наводна руска инвестиција во фабрика за производство на доматно пире остана уште едно виртуелно ветување на Груевски. Во 21 век се уште граѓаните на Крушево се соочуваат со проблемот во водоснабдувањето.  Во летниот период има постојани рестрикции за вода.

Виртуелните инвестиции на Никола Груевски не носат ништо. Корупцијата однесе многу работи места и избрка многу потенцијални инвеститори. Тоа е најголема причина за масовното иселување на младите од Крушево“, порачува СДСМ.

Најголемата опозициска партија вели дека според последните податоци од Државниот завод за статистика од Крушево до 2014 се отселиле околу 3.500 жители, најголем број млади.

„Повеќе од 1/3 од вкупното населие на Крушево заминало од својот роден крај. Никола Груевски и Никола Тодоров се последните коишто можат да зборуваат за повеќе работни места и подобри услови за живот во Крушево.

Податоците од релевантните истражувања покажуваат дека и во Крушево, како и во друг градови во Македонија има висока смртност на новороденчињата, над 18 мртви бебиња на 1.000 живородени.

Додека граѓаните осиромашуваа, додека се зголемуваше невработеноста, Никола Груевски во изминатите десет години мислеше само на провизиите, тендерите, парцелите на Водно, на мерцедесот од 600 илјади евра, на очилата од 60 илјади долари…
Доцна е Никола сега да бара идеи. Граѓаните бараат промени“, порачува СДСМ.