СДСМ: Железниците се катастрофа, Мисајловски е очаен

0
1150

„Бидејќи железниците во Македонија се наоѓаат во катастрофална состојба, ВМРО-ДПМНЕ и Владо Мисајловски, без и идеи и без резултати зад себе, се фалат со тоа што ќе обезбеделе возот од Битола до Скопје да застанува во населеното место Превалец.

Немајќи со што да се пофалат ВМРО-ДПМНЕ и Мисајловски се во очај и не знаат што зборуваат.

Возот Битола – Скопје со месеци беше блокиран поради одрони. И Никола Груевски тоа го знае бидејќи во рамки на неговата предизборна кампања отиде со воз до Велес ама не продолжи до Битола.

Каде беше тогаш Мисајловски да им објасни на граѓаните зошто едно свлечиште не може со месеци да се санира?

Наместо реконструкција на небезбедните железници, Груевски и Мисајловски ветуваат места кадешто ќе застануваат возови коишто нефункционираат поради нивната негрижа и нередовна санација.

Никола Груевски 10 години не помисли на лошата состојба во којашто се наоѓаат железничките пруги во Македонија.

Груевски раскомотен во неговиот мерцедес со кожни седишта и екрани од 600 илјади евра единствено мисли на парцели на Водно, провизии, очила од 60 илјади долари, матните бизнис зделки на братучедот Мијалков, чоколадите на кумот Ставрески, 4-те стана на име на неговата мајка…

Над 630 милиони евра Никола Груевски потроши за споменици, над 15 милиони евра за панорамско тркало, 250 илјади евра за жални врби во Вардар а за 6 нови возови ги задолжи граѓаните со нови 25 милиони евра, кредит од ЕБОР.

За 10 години Груевски изгради само 7 километри автопат. Ниту еден километар годишно.

Затоа Македонија порачува: збогум Никола!“, велат од СДСМ.