СДСМ: Бараме и работиме на еднакво учество на жените во науката

0
1240

СДСМ дава целосна поддршка и поттик на жените во Македонија за нивното вклучување во науката и еднаков пристап за учество во науката. Со оваа порака СДСМ се приклучува кон одбележувањето на 11 февруари, што Генералното собрание на ОН го прогласи за Меѓународен ден на жените и девојките во науката.

„Во Македонија бројот на жени со научни тутитули е се уште два пати помал од бројот на мажите. Според податоци од Државниот завод за статистика, во текот на 2014 година, со научна тутула доктор на науки се стекнале 206 мажи и 106 жени. Во МАНУ, од 42 члена од постојаниот состав, само 4 се жени. Според Глобалниот извештај за нееднаква родова застапеност на Светскиот економски форум, Република Македонија во однос на образованието е рангирана на 80. место од 145 земји. Овие бројки покажуваат дека жените и девојките не се целосно вклучени во науката“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Оттаму истакнуваат дека науката и родовата еднаквост се меѓу целите во програмата на СДСМ.

„Работиме да ги зголемиме квотите за учество на жените во политиката; на имплементирање родова перспектива во креирањето на политиките на сите нивоа; за формирање Секретаријат за родова рамноправност при Владата на РМ; на формирање државен фонд за научно истражување и развој; на воведување мерки за унапредување на научно истражувачката работа, пред се преку финансирање на национални научно-истражувачки проекти; на зголемување на процентот на средствата во Буџетот наменети за научни истражувања. Оваа ставка во Буџетот на Македонија за 2016 година е 0,06%, што е далеку под европскиот просек“, се наведува во соопштението на СДСМ.

СДСМ им се заблагодарува на сите жени, кои досега макотрпно работеле и работат да бидат или се дел од научната заедница на Република Македонија.