СДСМ: Јанкулоска се возела во џипот на Бекам, Спасовски се вози во доделено возило

0
1138

Оливер Спасовски не барал никакви возила, најмалку луксузни или блиндирани. Возилото што законски му е доделено, согласно Правилникот на МВР, го користеле и неговите претходници, реагира СДСМ на пишувањата на провладини медиуми дека тој избрал да се вози во запленето возило во кое се превезувал хероин.

„Денеска, дури и Министерството за внатрешни работи ги демантираше лагите коишто ги пласираат медиумските курири на Никола Груевски. Јавноста добро знае дека луксузните возила и блиндираните мерцедеси се одлика на Никола Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните слушнаа од проектот ‘Вистината за Македонија’ како Груевски, со народни пари нарачува мерцедес од 600.000 евра којшто го крие од јавноста“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Дополнително, оттаму наведуваат дека одредени странски медиуми во 2007 година пишувале дека поранешната министерка од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Јанкулоска, се вози во украден џип, и посочуваат на следниве написи  http://www.blic.rs/Zabava/Vesti/1258/Makedonska-ministarka-vozi-Bekamov-ukradeni-dzip  и

http://www.motorauthority.com/news/1027568_beckhams-stolen-bmw-x5-ends-up-with-macedonian-minister

„Состојбата со овој џип ќе биде утврдена. Јасно е, Никола Груевски целосно се загуби. Лагите во медиумските курири не може да му помогнат. Збогум Никола и збогум на твоето друштво!“, порачуваат од СДСМ.