Роберт Поповски: Резултатот ќе покаже кој бил за демократија

0
1105

о еден ваков момент кога сме мета на напади, ние ќе бидеме коректни и нема да издаваме за тоа што се преговара во работните групи. Резултатот ќе покаже кој бил во право и кој е за демократија, а кој не, изјави за „Мета“, Роберт Поповски, претседател на работната група на СДСМ во преговорите на политичките партии во сферата на медиумите.

Провладините медиуми викендов, пак, објавија документ според кој предлогот на СДСМ е таа партија да предлага три члена од Советот на Агенцијата за медиуми. Според медиумите, во членот 19 од Законот, СДСМ бара претседателот на Агенцијата за медиуми да го избира Собранието по предлог на опозицијата.

По овие информации, четирите телевизии со национална концесија, „Алфа“, „Канал 5“, „Сител“ и „Алсат“, преку заедничко соопштение протестираа на идејата на СДСМ која, според нив, води кон целосна цензура на медиумите.