Ременски во дебарско: На Македонија и треба премиер домаќин, и треба Зоран Заев

0
1324

Првиот впечаток што се добива на патот накај Дебар е дека лошата инфраструктура во овој регион ги оневозможува граѓаните да дојдат и да го посетат овој дел од Р.Македонија којшто изобилува со природна убавина.

Жителите на дебарското село Џепиште се на голема мака. Се соочуваат со тужби и извршители затоа што поранешниот министер за труд и социјална политика, Спасов им ги бара назад парите од социјалната помош што им ја укина, заради помошта од нивни блиски од странство со којашто тие се обиделе да им помогнат во тешката егзистенција.

Ова е еден од пробемите што го слушна потпретседателката на СДСМ и министерка за труд и социјална политика, Фросина Ременски, која вчера беше заедно со членовите на Извршниот одбор на СДСМ, Едмонд Адеми и Аднан Џаферовски во посета на дебарскиот регион.

“Ако не ни испратат некој денар, ние не можеме да преживееме. Како што гледате огромна сиромаштија го зафати нашиот крај. Младите се иселуваат, работа нема“, загрижено коментираат граѓаните.

-Неодговорното однесување на поранешниот министер Диме Спасов, остави над 5.600 луѓе без социјална помош токму поради ова што го наведувате. Срамота е Македонија, којашто е социјална држава да бара назад пари од граѓаните кои се во социјален ризик. Се бориме да ја вратиме социјалната помош повторно таму каде што е најпотребна затоа што знаеме дека поранешниот премиер Груевски и власта на ВМРО-ДПМНЕ свесно ги осиромашуваат граѓаните изминативе 10 години, додека тие се богатат, рече Ременски.