За прв амбасадор на Македонија во Бразил се подготвува актуелниот советник на шефот на државата Ивица Боцевски, пишува „Утрински весник“.
На листата за смени ќе се најде и амбасадорското место во Стразбур, за каде што се подготвува Александар Николовски, актуелен пратеник и член на нашата делегација во Советот на Европа неколку години, а во Турција, каде што Македонија нема амбасадор повеќе од една година, ќе замине Звонко Муцунски, кој претходно беше конзул во Њујорк.
За амбасадор во Софија неофицијално се врти името на Марјан Ѓорчев, од каде во јануари треба да се врати амбасадорот со најдолг стаж во историјата на Македонија, Благој Ханџиски.