РЕЖИМОТ повторно удри врз критичките новинари: Претепан охридскиот новинар Сашо Денесовски, сопственик на порталот „ОхридСкај“

0
1985

Со тешки повреди на главата, набиена лева рака и повреди по целото тело се здоби сопственикот на порталот ОхридСкај, МакБорба, МакедонијаСкај и Вокс Попули ТВ, Сашо Денесовски, откако во два по полноќ три лица со метални шипки го нападнаа пред неговиот дом.

Денесовски е примен во болница, каде му е укажана соодветна медицинска помош, пренесе Охрид скај.

Според порталот тој ја повикал полицијата на местото на настанот, но таа одбила да дојде да изврши увид, како и да дојде да ги земе снимките од видео надзорот поставен на неговата куќа кој го сними целиот настан.

Според порталот  неговиот автомобил со кој си отишол дома е крвав од повредите кои му ги нанесоа тепачите

Полицијата го повика Денесовски лично да посведочи во полициската станица, додека тој не може да стане од болнички кревет.