РЕЖИМОТ е укакан до коска од Катица Јанев, продолжува со нејзиното минирање: Пратениците на ДПМНЕ гласаа против законот за Специјалното јавно обвинителство

0
979

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не гласаа за Законот за јавнообвинителска служба на Специјалното јавно обвинителство да се донесе по скратена постапка, пренесува „Мета“.

– Со оглед на тоа дека специјалната обвинителка Јанева испрати бројни апели до координаторите на пратенички групи законот да се донесе по скратена постапка, со оглед на тоа што тој произлегува од Договорот од Пржино – рече координаторот на СДСМ Горѓи Сугарески пред гласањето.

На седницата беа присутни 92 пратеници, од кои 27 гласаа „за“, 54 беа против, а еден гласаше воздржано.