Професорката Ванковска жестоко распали по Каракамишева: Со последните глупости, со тебе е готово, ти сега можеш слободно да се отселиш во некоја афричка банана држава и да пишуваш нарачни колумни за тамошниот диктатор!

0
1462

По подолго време со нешто да се согласиме со професорката Ванковска. Во колумна во Нова Македонија таа жестоко распали по Каракамишева, меѓу другото и затоа што речиси сите нејзини ќерки се во странство каде работат и учат:

Нема доволно зборови да ја опише глупоста на Каракамишева! Едноставно нема! Со својата колумна таа успеа толку темелно да го навреди народот во Македонија што тоа не може да се заборави. Никогаш не може да се заборави! Нема веќе иднина за Каракамишева во Македонија. Најдобро ќе биде за неа да замине во некоја банту земја каде не ја знаат колку „елоквентна“ е и таму да пишува колумни по нарачка на тамошниот диктатор.