Портрет на министерот за здравство Никола Тодоров: Политички хирург што „оперира“ без анестезија

0
1255

Текстот е објавен на 11 ноември, 2014 година во неделникот „Фокус“ во бројот 997. Во последните две недели, министерот за здравство Никола Тодоров е актуелен откако во македонските болници починаа два родилки, новороденче и 14-годишно девојче, па од него од морална одговорност се бараше да поднесе оставка. Пред неколку дена, опозицијата поднесе барање за негово разрешување.

todorov

Со своите 35 години, Тодоров беше директор на Агенцијата за катастар, смени две министерски функции, успеа три години да владее со образованието и веќе три години го „лекува“ здравството. Но, тука не застануваат неговите амбиции. Долго време се шпекулираше дека ќе стане прв полицаец или, пак, ако дојде до промена на тронот во ВМРО-ДПМНЕ, ќе биде наследник на Груевски. Како и да е, Тодоров е „топ реформаторот“ во Владата, кој толку навлезе во улогата на лекар, што дури научи и да „оперира“. Макар и на видеоигра. Тој е единствен министер кој седум дена во неделата држи прес-конференции и најавува нови проекти. Битно е да се бројат, не мора да се остварат

Денот трае само 24 часа, но и тие понекогаш се премалку за министерот за здравство Никола Тодоров, кој веќе осум години го негува имиџот 24/7, според вмровската агенда. Сето тоа и не е чудно, ако се има предвид неговата молњевита кариера. Почнувајќи од 2006 година тој стана директор на Агенцијата за катастар, по три години стана министер за образование, а две години подоцна седна на министерското столче во ресорот здравство.

Турбо-агендата е карактеристична за речиси сите министри во владата на Груевски, но, сепак, првиот човек во здравството и тука се издвојува. Не поминува ден во неделата, без тој да одржи прес-конференција на која ќе промовира нов проект. Ги исполнува пропагандните вмровски стандарди – тој е единствен што „работи“ за викенд, па секоја сабота и недела редовно може да се види на телевизиските екрани како проповеда за „здравствените реформи“.

Ваквиот работно набиен календар, Тодоров го почна уште во 2009 година кога стана министер за образование, а истата практика ја продолжи и во здравството. Тоа му го обезбеди местото на листата „топ реформатори“ меѓу владините луѓе. Министерот толку многу е активен, што на негова сметка постојано се прават шеги, дека ако продолжи со ваквото темпо, уште малку ќе почне да ни излегува и од фрижидерот и да ни држи лекции за постигнатите резултати.

Целиот текст ОВДЕ(Фокус)