Поранешниот Јавен обвинител Павлески: Знаејќи кои судии одлучувале, одлуката не е изненадување!

0
1027

За нас кои сме долги години во судствто не претставува изненадување ваквата одлука имајќи го во предвид фактот кој е претседател на Основниот суд Скопје 1 и имајќи го во превид фактот кои судии одлучувале за мерката притвор. Тоа е истата екипа која спротивно на одлуките на Судот во Стразбур ги означи како незаконите доказите од таканаречените бомби на лидерот на СДСМ Зоран Заев, вели за Фактор поранешниот Јавен обвинител Стеван Павлески.

Според него , се настојува да се обезвредни се што е пповрзано со сомневање за сторени противзаконски дејствија од страна на претставници на власта.

Во интервјуто за Фактор кое порталот го најавува за утре, екс Јавниот обвнител со став: Доколку има докази сите треба да одговараат.

„Ако има докази за Заев и тој треба да одговара истото важи и за Груевски. Не смее да има амнестија“

Сепак Павлески, вели дека е потребно време и трепение за расчистување на „малгата,. Сепак тој ја исклучува можноста за разводнување на процесот поврзана со прислушуваните материјали, аферите „Пуч“, „Надеж“ и „Маџар телеком“ ..