Помилувањето на педофили, силувачи и убијци од Иванов ги „запали“ затворите“: Идните цимери на Грујо започнуваат ШТРАЈК!

0
1013

Затворениците од сите затвори во земјава, како што најавија преку социјалните мрежи, од денеска  штрајкуваат, информира 24Вести.

Според организаторите кои го најавија настанот, штрајкот ќе одвива од 14 до 18 часот. Причината за нивната револтираност е, како што велат, помилувањето на педофили, силувачи и убијци од  претседателот Иванов, додека в затвор се уште лежат невини луѓе или такви кои не направиле кривични дела.
Затворениците ќе штрајкуваат во самите затвори, а нивните семејства  ќе постават шатори, каде ќе се стационираат се додека не бидат исполнети нивните барања.
Според организаторите, штрајкот пред се е и поради нечовечките услови во затворите, а бараат и донесување Закон за амнестија по итна постапка.
Извор: 24Вести