ПЦЕР: Да нема избори додека не се расчисти аферата со личните карти

0
979

Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) денеска излезе со предлог да нема избори се додека не се расчисти аферата со фалсификуваните лични документи.

-Глумци не ни требаат, луѓето од власта што направиле фалсификат се однесуваат како холивудски актери, демек тие не се. Тие убедуваат дека опозицијата направила фалсификат. Затоа, почитувани граѓани, дајте еднаш засекогаш да расчистиме со овие лажговци, да се знае кој направил фалсификат и тој да одговара, се вели во соопштението на ПЦЕР.